Го изневери Саша Ковачевиќ и заврши во туѓа прегратка

0
543

Српската поп-ѕвезда Саша Ковачевиќ, пред сегашната врска со Зорана Тасовац, четири години се забавуваше со стјуардесата Јована Јоциќ.

Колку беше сериозна нивната врска , говори фактот дека Саша беше подготвен да ја ожени Јована, но на почетокот на минатата година врската „пукна“ и обајцата решија дека е најдобро да одат секој по свој пат.

„Останав со Јована во феноменални односи. Се слушаме, но често не се гледаме … Таа работи и поминува многу време надвор од Србија.Нема причина да бидеме во лоши односи. Ние толку многу време минавме заедно и проживеавме сèшто…

Тоа е така кога луѓето ќе се раздвојат на нормален начин, а од моја страна сè беше нормално. Нашето раскинување не беше бурно, се разделивме без грди зборови и навреди“ – изјави Ковачевиќ за српските портали откако се раздвоија со Јована.

Саша Ковачевиќ по распадот на емотивната врска со Јоциќ, вплови во нова љубовна приказна со моделот Зоран Тасовац, со која е и денес во врска.

Од друга страна, пак, Јована повторно се вљуби во познатото момче, Владан Савиќ, пејачот на „Магла бенд“.

s2-3

Нивните пријатели велат дека оваа љубов е вистинска и Владан ја чува Јована како капка вода на дланка. Тие двајца заедно патуваат на разни егзотични дестинации низ светот.

Извор:курир.мк

Коментирај