Го фотографирал болниот Шумахер и сега бара еден милион евра

0
718

Германското јавно обвинителство почна истрага против засега непознато лице кое нуди фотографија од болниот Михаел Шумахер.

Наводно, лицето успеало некако да го фотографира поранешниот светски првак во Формула 1 и сега фотографијата ја нуди на таблоидите за еден милион евра.

Иако јавно не е објавена, на неа, наводно, се гледа како Шумахер лежи во болнички кревет, а фотографиран е од непосредна близина. Уште не се знае дали фотографијата е нова или датира од периодот по повредата од која наскоро ќе наврши и третата година.

-Здравствената состојба на Михаел не е јавна работа. Сакаме да ја почитуваме неговата приватност на што тој има право и тоа е се што сакам да кажам за овој случај- изјави менаџерката на Шумахер, Сабине Кем.

Коментирај