Го чека пауза од шест до девет месеци, заврши сезоната за Белерин

0
255

Шпанскиот дефанзивец Ектор Белерин ја заврши сезоната поради повредата на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Шпанецот се повреди во саботата на натпреварот против Челси.

Белерин во победата на Арсенал над Челси 2-0, играше 72.минути кога поради повредата беше изнесен од теренот. Деталните прегледи само потврдиле дека ги скинал предните вкрстени лигаменти.

На шпанскиот репрезентативец му следува пауза од шест до девет месеци, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Коментирај