Глуварче- корисна храна и лек

0
1327

Глуварчето, чиј латински назив е Taraxacum officinale, што во превод значи дива салата, претставува едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје, но малкумина знаат дека лековитото глуварче може да биде од голема корист за здравјето и составен дел од нашето мени.

Лековитоста на глуварчето е голема. Го стимулира апетитот и го регулира метаболизмот на масти во организмот. Во народната медицина се применува кај таканареченото пролетно чистење на крвта.

Пожелно е да се користи салата од листовите од глуварчето, но само пред цутењето на билката. Како и сите други горчливи лековити билки, глуварчето, а посебно неговиот корен, поволно влијае на подобрување на апетитот и варењето на храната.

Благотворно делува во случај на стомачната опстипација и појавување на диспесија, односно пореметено варење, кај воспаление на жолчната кеса и каменот во жолчката и намаленото излачување ма урината.

Способноста за ослободување на организмот од наталожените штетните отрови е клучна лековита особина и токму затоа глуварчето е ценета храна која помага во заштита од канцерогени промени, односно рак.

Глуварчето е корисна храна и лек против инфективни заболувања, посебно во фазата на реконвалесценција (опоравување). Во неговиот состав се наоѓаат доволни количини на корисни материи за организмот, како што се витамини од Б групата, витамините А, Ц и Д, минералите цинк, магнезиум, калиум и железо, танини и флавоноиди.  Ја прочистува крвта и помага во намалување на лошиот холестерол, а се смета и за природен лек за атеросклероза и камен во бубрезите.

Коментирај