Со глисери шверцуваат тони хашиш од Албанија(ВИДЕО)

0
403

динаесет лица – 6 Албанци, двајца Италијанци, еден Бугарин и двајца грчки државјани – биле уапсени во саботата во обид да прошверцуваат огромно количество дрога од Албанија. Шеснаесет тони хашиш и два глисери биле запленети веднаш по испловувањето.

Командосите од крајбрежната стража, со помош на хеликоптер ги снимиле и успеале да ги сопрат шверцерите.

Според добро информиран извор глисерите требале да го транспортираат хашишот во Турција, од каде требало да земе хероин за во Албанија. Истиот извор, според Катимерини, открива дека истиот шверцерски круг се наоѓал зад два обида за транспорт на големи количества хашиш од Албанија во Италија во април и септември годинава.

Извор: Expres.mk

Коментирај