Главен кандидат за промашувањето на годината: КАКО ОВА НЕ БЕШЕ ГОЛ!? (Видео)

0
466

Тимот на Лацио славеше со 2:1 на стартот против Аполон во групната фаза од Лигата на Европа, но натпреварот го обележа промашувањето на Сенад Лулиќ во завршницата од натпреварот.

Фудбалерот на Лацио дури успеа и да го помине голманот на Аполон, а потоа од причини кои веројатно само тој ги знае предолго размислуваше и го избра најлошото можно решение.

Веруваме дека сите веќе оваа ситуација ја сметаа за погодок, но Лулиќ на крајот промаши! Иако сме почеток на сезоната слободно можеме да кажеме дека со сигурност ова ќе биде еден од главните кандидати за промашување на годината.

Извор: sportski.mk

Коментирај