ГИ КРИЈАТ ТРИТЕ НОТИ: Се откажале ли Димитров и Заев и од придавката Македонски – Macedonian? (ФОТО)

0
1108

Министерството за надворешни работи кое го води министерот Никола Димитров вчера доцна вечерта објави дека земјата испратила три дипломатски ноти со кои мисијата на Македонија во ОН и Македонското МНР ги информираат членките на ОН и сите меѓународни организации и институции за практична примена на новото име и дипломатските последици што произлегуваат од Преспанскиот договор.

Практично Македонија го информирала цел свет веќе да нè ни се обраќа со името Република Македонија и да го користи новото.

На Твитер и Фејсбук МНР објавува факсимил од документот.

Профилот #Бојкотирам кој важи за добро информиран на Твитер тврди дека Димитров, Владата и МНР не ги објавуваат и трите ноти затоа што од нив може да се види дека Македонија освен од името се откажала и од придавката Македонски (Macedonian):

„⚫️ The contents of the notes where we erase Republic of Macedonia, Macedonia and MACEDONIAN is missing.
⚫️ Димитров не ја објавува содржината на нотите со кои се откажуваме и од придавката MACEDONIAN”, пишува #Бојкотирам користејќи го хаштагот #Апсаана.

MNR-Bojkotiram-makedonsko

Извор: Expres.mk

Коментирај