Героски: Сам си ја земам слободата, џабе ми се зaкaнувaaт со банкини и опacни свиоци

0
490

Никогаш не сум бил толку често и толку бедно клеветен и навредуван како овие три години. А ми го зедоа и моето чедо, мојот весник што го создадов, заедно со тимот што јас лично го избрав и со сопствениците што јас ги анимирав да влезат во приказната која сега им носи високи профити. За да си го сочувам образот и да си ја задржам слободата, кога ме притиснаа, бев буквално принуден да дадам отказ од “Слободен печат”. Нема човек во весникот кој тоа не го знае, кој не ја знае вистината, пишува долгогодишниот новинар и Главен уредник на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски.

Во продолжение дел од колумната на Героски:

Не се лутам никому, но не им заборавам на ороводците на тој пуч. Особено не на нарачателот. Сакам јасно да им порачам дека на никого од тие што мислеле дека ми “давале” слобода, не му должам ништо. Тие што вложија пари, се офајдија Тие што вложија труд заедно со мене, ене ги работат и имаат високи плати, кои лично јас ги “избоксував”. Тие што ме поддржуваа морално и политички, печалеа и ене ги на власт, среќни и задоволни, си ги товарат камилите.

Немам обврска кон никого! Напротив, многу од тие луѓе имаат неизвршени обврски кон мене. Ми должат. Морално, се разбира. Би можело да се зборува и за друг вид долг, но тие лешпери знаат дека јас никогаш тоа не сум го правел за пари, за нешто повеќе од пристојна плата, патем речено многу помала од платите на сите други главни уредници, ведети и “бардови”.

И затоа, ве молам, без тие блесави ламентации дека некој нешто ми дал или ми дозволил. Да не почнам јас сега да правам список кому што имам дадено и кој сè се офајдил од мене и од мојата поддршка. Не сум правел до сега, но за сè има прв пат.

Целата колумна можете да ја прочитате: ТУКА

Коментирај