Германија во шок: Геце мора да ја прекине кариерата!

0
617

Играчот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, поради метаболички проблеми, привремено ја прекина фудбалската кариера, потврдија од клубот.

„Деталните лекарски прегледи поради хроничните проблеми со мускулите, со кои во изминатиот период се соочува Геце, покажаа дека тој има метаболички пореметувања. Тој не е во можност да тренира или да има било какви други фудбалски активности“, се наведува во клупското соопштение.

Геце зад себе има сезона за заборав откако од Баерн се врати во матичниот клуб. Од почетокот на првенството тој на само четири натпревари ги одигра сите 90 минути, а последниот настап го имаше на 31 јануари.

Марио Геце е херојот на Германија од последното Светско првенство, па поради тоа јавноста во оваа земја се надева дека тој нема да ја доживее судбината на Себастијан Дајслер кој поради хроничните проблеми со повредите и депресијата во 26-та година ја заврши кариерата.

 

Извор: sportski.mk

Коментирај