Георгиевски: Роби Телекабел дремеше во штабот на ВМРО и молеше за концесии

0
570

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, преку својата Фејсбук страница му одговори на Роби Телекабел и неговата изјава дека му било побарано мито од 650.000 марки.

-Роби телекабел никогаш нема донирано ни банка за ВМРО-Дпмне,тука не сум запознаен за неговиот финансиски аранжман со Војо Стоjановски(не Михајловски)за кој ништо не спомна . Роби телекабел има добиено повеќе концесии во “Остра“ конкуренција блaгодарејки на лобирањата на Војо Стоjановски,Тони Лазаров. Координатор од Штип и серија други вмровци и неговото секојдневно дремење по штабот во Скопје, напиша Георгиевски.

Концесиите што ги добил, нагласува Георгиевски, се златни кокошки за пари што од Роби од малски бизнисмен направи фирма во првите дваесет по приходи во Македонија.

Коментирај