„Гео Каевски“ добива тендери од две општини: И директорот на Млади и спорт се најал од државниот колач

0
362

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во гостувањето во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, каде што дебатираше со Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, објави скандал за семејството на Каевски. Според документите што ги објави Арсовски, семејната фирма „Гео Каевски“ добива тендери од Општина Кисела Вода и Општина Велес.

Конкретно да ве прашам, во вашето CV стои дека како млад економист ја започнувате кариерата во 2012 во геодетско друштво, претпоставуваме дека е геодетското друштво „Гео Каевски“. Истото геодетско друштво коешто верувам дека е на вашите родители и добива тендери Општина Кисела Вода, каде што градоначалникот важи за ваш близок пријател, вели Арсовски.

Во документот што го прикажа пред камерите на Алфа ТВ посочи дека фирмата на Каевски добила 2 милиони денари само во Кисела Вода, додека пак фирмата од 2017 до 2018 има пораст од неверојатни 317%.

Ќе ми кажете дека работиме на стимулирање на компаниите? 2017 година Водовод и канализација, Агенција за планирање на просторот, Општина Велес, Агенција за катастар, Општина Кисела Вода, Општина Велес. 17 јануари 2018 година, 10 јули 2018 година, 26 септември 2018 година. Не е ова доблесна политика како што се обидувате лицемерно да кажете дека работите на подобрување на стандард. Подобрување на стандардот не значи исти лаги, заклучи Арсовски.

Коментирај