Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ: Не размислуваме за широка коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на изборите

0
206

Во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24 гостуваше Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека неговата партија ќе коалицира со секој кој ќе ги прифати принципите на работа на ВМРО-ДПМНЕ.

Прерано е да се каже со кого ќе коалицираме, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме во сериозна комуникација со сите албански партии, и тие и сите останати, да почекаме да завршат изборите да видиме какви ќе бидат изборните резултати. Нормално, пред се и над се, секој оној што ќе подготвен да ги прифати принципите на работа на ВМРО-ДПМНЕ, нормално може да биде наш партнер.
Тој рече дека не треба да се суди по поединци за мноштвото народ, мислејќи на неколку лица од партиите за кои има сомневања дека извршиле криминал. Според него, секогаш има кандидати за министри, но е прерано да се зборува за нив, веројатно е дека ќе бидат обзнаени пред 3ти јануари, како што рече Јанушев.

Во овој момент не размислуваме за никаква широка коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник со доста сериозна разлика во однос на СДСМ. Сега размислуваме на тоа како уште повеќе да ја зголемиме таа разлика и да имаме уште поубедлив резултат на изборите. Тоа е тоа што ќе го правиме до 12 април. Воопшто не размислуваме за влегување во Влада со Зоран Заев, децидно одговори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Коментирај