„Ѓаволестата“ Мартина е еден од најмладите амбасадори на Македонија

0
1219

Мартина Димоска од Кичево студира во САД и е еден од најмладите амбасадори на нашата држава.

martah

ЛОЗА.мк: Како отиде на студии во Америка, каква програма е Global UGRAD и што учиш?

– Ми претставува огромна чест да бидам избрана на ваква високо конкурентна програма. Во САД веќе ги привршувам своите студии на Kent State University, изучувајќи Aerospace Engineering што ги сихнронизира моите предходни две дипломи: Инженерство на материјали и нанотехнологии на Технолошко – металуршкиот факултет и Академијата за мехатроника, роботика и ембедед системи при NewMan’s Business Accelerator што ме води чекор понапред до постигнување на моите планирани цели. Global UGRAD програмата е спонзорирана од U.S. Department of State и е иницијатива што доделува стипендии за додипломски студии на студенти од над 55 земји. Студентите се поставени во колеџи или универзитети низ САД соодветни или комплементарни на нивното предходно образование. Global UGRAD програмата е спроведена од страна на World Learning кои што олеснија поставување на над 1.800 Global UGRAD студенти кои што се спознаваат со алатки за да станат млади лидери во своите професии. Топло ја препорачувам оваа програма на заинтересирани млади и квалитетни ентузијасти со исклучителен талент и успеси на кариерен план и ги охрабрувам сите иновативни студенти да се пријават на конкурсот што е излезен од Ноември, оваа година

Морам да напоменам дека се избираат навистина талентирани млади лидери кои што уште од мали ноѕе дејствуваат врз општеството. Луѓе кои што немаат само просек туку и општествен импакт, дипломи од различни натпревари и хакатони и нормално волонтирањето и всушност обликувањето на општеството се клучни за прием. Мило ми е што толку многу млади луѓе кои што веќе имаат направено огромен импакт го забележаа мојот пример и ги следат моите стапки. Тука сум за нив и за сите потешкотии, нејасни работи и совети.

Условите за прием конкретно на мојот универзитет бараат не само просек од факултет туку и од средно образование (константен тек на просекот и докажувања) и се фокусираат на одлично познавање на Англиски и Математика, критично размислување, решавање проблеми и способност да бидеш директно поставен во класот на Mатематичка училница и да продолжиш со напредување низ Аналитичка геометрија и анализа како и калкулус без никаков проблем. Минимумот на SAT тестот треба да е 1700 (сложен резултат). Мора да се има познавање на воздухопловна систем инженеринг технологија во рамките на аеронаутиката , познавање на физика и просекот што треба да се одржи таму е најмалку 9, односно B grade. Досега мојот OPAL тест беше 100% A и сметам дека сум прилично компетитивна и амбициозна да го задржам и понатаму при сите предизвици.

dsc_0033

прочитајте го целото интервју со г-ѓица Мартина Димоска (клик)

Martina Dimoska

Коментирај