Ганка Цветанова му оддржа лекција на Хан: Прво кажи Македонија, па тогаш повикувај го народот!

0
1830

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која е активна на Твитер, не му премолче на еврокомесарот Хан за новата практика, наместо „вашата земја“ да го користи нашето знаме за да избегне да го каже името на земјата – Република Македонија.

„Само кога ќе кажете Република Македонија, господине Хан, ќе имате кредибилитет да ги повикувате македонските граѓани на оваа земја да го остварат своето демократско право: да гласаат за, против или да го бојкотираат референдумот”, му порача Цветанова на евроамбасадорот.

Ganka-vs-Han

Реакцијата на Самоилова дојде по твитот на Хан за референдумот

„Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат нивното демократско право да гласаат. Се работи за нивната земја и нивната иднина“, порача вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој наместо Македонија во обраќањето го користеше знамето на земјата.

“Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум на 30 септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷. ЕУ го поддржува договорот и неговата имплементација како симбол на помирувањето и добрите односи меѓу соседските односи во регионот”, напиша Хан на Твитер.

Цветанова беше министеркa за култура во владата на Љубчо Георгиевски и важи за една од најуспешните во тој ресор.

Коментирај