Ганка Цветанова: Химната на Тамара беше класично пуштање на пробен балон!

0
620

И поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го искоментира скандалот со изведбата на македонската химна од страна на Тамара Тодевска. Таа на синоќешната прославапо повод Денот на Америка, што се оддржа во Американската амбасада во Скопје, пеејќи ја химната ги изостави стиховите со Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Сандански. Ексминистерката напиша:

„Ниту случајно згреши, ниту ненамерно ја изостави строфата со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански… Ова беше класично пуштање на пробен балон!“

„Гоце Делчев не е Македонец, затоа не му го испеа името“: Бугарите распалија со коментари по настапот на Тамара

Коментирај