Гајсер: Мојот Фејсбук профил е хакиран, Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња

0
568

Мојот фејсбук-профил е хакиран. Уште од 9 август се отворени неколку лажни профили. Ниту еден од новите профили не е мој. Тоа е стапица. Некој се обидува да ги лови противниците на Владата, вели во изјавата за МКД.мк Ларис Гајсер, новинар на италијанскиот весник „Ла верита” каде што беа објавени неколку видео и аудио снимки од случајот „Рекет” во Македонија.

Laris-Gajser-hakiran-profil

„Ве молам не контактирајте кој било друг профил на Ларис Гајсер“, апелира италијанскиот новинар.

„Се работи за класична стапица со која македонските власти се обидуваат полесно да дојдат до имињата на нејзините противници, на луѓето од опозицијата. Се работи за неколку лажни профили преку кои македонскиот премиер Зоран Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња. Ги замолувам сите Македонци да бидат внимателни затоа што мојот вистински профил веќе има 5.000 пријатели, па не можам да примам нови пријатели. Хакери отвориле лажни профили и сега други хакери ги хакираат лажните профили. Интересна приказна“, вели Гајсер и додава дека неговата наредна приказна за случајот „Рекет“ ќе предизвика вистински земјотрес.

„Јас сум спремен. Сега сѐ зависи од сведоците. Чекам да ми кажат дека се сигирни, дека се безбедни и дека можам да објавам“, вели Гајсер.

Коментирај