Фудбалот најпогоден: Ова се сите спортисти заразени со коронавирус

0
346

Блез Матуиди од Јувентус е последниот познат спортист кој е заразен од коронавирусот.

Матуиди е вториот играч на Јувентус кој е заразен со овој вирус откако претходно се зарази Даниеле Ругани кој воедно беше првиот играч од Серија А кај кого беше потврден овој вирус.

Овој вирус кога е спортот во прашање најмногу ги погоди фудбалерите, ова е списокот на сите заразени спортисти до овој момент:

ФУДБАЛ: Матуиди (Јувентус), Тимо Хубертс (Хановер), Џејмс Хорн (Хановер), Ругани (Јувентус), Гамбјадини (Сампдорија), Артета (Арсенал – тренер), Калум Хадсон-Одои (Челзи), Омар Коли (Сампдорија), Екдал (Сампдорија), Антонио Ла Гумина (Сампдорија), Мортен Торсби (Сампдорија), Фабио Де Паоли (Сампдорија), Бартож Березицки (Сампдорија), Герман Пацела (Фиорентина), Патрик Кутроне (Фиорентина), Душан Влаховиќ (Фиорентина), Езекиел Гарај (Валенсија), Елијаквим Мангала (Валенсија), Хозе Луис Гаја (Валенсија), Џонатан Жесус (Елче), Жорге Жесус (Фламенго – тренер), Лука Килијан (Падерборн), Мартин Ортега (генерален директор во Леганес), Славиша Кокеза (Претседател ФС Србија), Марко Пантелиќ (Потпретседател на ФС Србија).

КОШАРКА: Руди Гоберт (Јута), Доновам Мичел (Јута), Треј Томкинс (Реал Мадрид), Кристијан Вуд (Детроит)

РАКОМЕТ: Мадс Менсах Ларсен (Рајн Некар Левен)

Извор: Спортски.мк

Коментирај