Фудбалерот на Рома со ШОКАНТНА изјава: Оженет сум, не тешко е да се каже „НЕ“ на атрактивните жени!

0
665

Поголемиот број фудбалери во текот на кариерата промениле голем број партнерки, а реткост е да се види некој кој потполно ќе му се посвети на семејството.

Раџа Наинголан во разговор за една белгиска телевизија даде прилично интересна изјава околку девојките кои му приоѓаат.

„Многумина жени ви приоѓаат на провокативен начин и некогаш навистина е тешо да им кажете „не“. Оженет сум, не сум ангел и најважно е што за ваквите работи никогаш не дознава. Тешко е да одолеете кога на забава ќе ви пријдат пет атрактивни жени. Што би направиле вие?“, запраша Наинголан.

Наинголан изјави и што мисли за геј играчите во светот на фудбалот.

„Геј играчите никогаш нема да ја признаат својата хомосексуалност. Се срамат и веројатно знаат дека кариерата би им била завршена ако признаат дека се хомосексуалци. Фудбалот е сепак попознат по убавите жени кои кружат околу фудбалерите“, истакна Раџа.

Зборовите на Наинголан предизвикаа низа реакции на социјалните мрежи и многумина сметаат дека претерал и дека неговата сопруга би требало да реагира на ваквите зборови.

Извор: sportski.mk

Коментирај