Фродо од „Господарот на прстените“ ќе пушта музика во Скопје

0
1040

Холивудската мега ѕвезда Елајџа Вуд, актерот кој го глумеше Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom.

Елајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак Коуви, патуваат ширум светот и прават одлични забави. Ќе пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали и денс њувејв за шизење од 80-те.

elajdja-vud-frodo-dj-1

Коментирај