Фрчкоски и Тортевски за протоколите на угостителските објекти: „Идиотски, личи како мали Ѓокица да ги пишувал“ (ВИДЕО)

0
936

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски и адвокатот Александар Тортевски во своето денешно гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 ги нарекоа протоколите за угостителските објекти идиотски и дискриминиторски.

„Не знам кому му текнало така. Да седат на иста маса само луѓе од фамилијата. Што правиме ако брачните парови имаат различно презиме? Така да сметам дека ова е дискириминаторски и треба веднаш Владата да го повлече“, рече Фрчкоски.

„Се согласувам дека е идиотска одлука, ова е како Мали Ѓокица замислува да функционира. Заклучиле дека инспекторите не може да легитимираат, ама ќе им наложат на келнерите да легитимираат кој е во едно семејство. Ова е една глупост која практично во сите сфери се провлекува – можеме да најдеме стотици вакви примери. Во оваа вонредна состојба, луѓето кои што одлучуваат за нашите судбини, за протоколите, немаат врска нити со право, ноти до устав, нити со здрава елементарна логика“, посочи Тортевски.

Коментирај