Фрчкоски го најави режимот: Катарзична чистка во администрацијата, и изнајдување начин за изгласување на закони без 2/3 мнозинство

0
462

Во вчерашната емисија на „24 Вести“ гостуваше Љубомир Фрчкоски кој говореше за актуелната состојба во државата по не добивање на датум за преговори за ЕУ, но и кризата која се појавува во самата влада на Зоран Заев.

Фрчкоски го советува премиерот да започне катарзична чистка на администрација, и да батали прикаска на коалиции и да донесе закони без 2/3 мнозинство. Владата влече еден капитал на долг, како и да се однесуваат европските земји, они сега према Македонија чувствуваат „грижа на совест“ што и направиле. И тој капитал владата треба да го искористи, многу ладнокрвно и многу прагматично. Значи треба да се вратат и треба да почнат со катарзична чистка во администрацијата, она што досега не успеале да го направат, додаде Фрчкоски. Фрчкоски истакна дека треба ветинг во администрација, чистење на администрацијата, обид сите судски процеси да продолжат и да се деблокираат.

Целиот блок мора да го тргнат во жестока реформа и тоа сами. Опозицијата може да се случи да излезе од парламент, они можат да речат сакаме избори, ако нема избори излагаме од парламентот. Ако излагаат од парламентот, заклучете го парламентот и треба се што не направиле до сега, да направат до октомври. Без било каква милост и застој, мора жестоко да се вратат и од таа патетика и да направат реална политика на реформа, тоа е реална политика.

Владата треба да ја батали прикаската за формирање на коалиции и формирање на некакви округли маси на заедничка платформа, треба да преземе одговорност и реформите кои не можела ради блокада да ги заврши и тоа сама. Може да освои 2/3 мнозинство за некои закони, ако не може, може тие да ги остави или преку други бајпасирани начини да ги реши како што е законот за обвинителство, посочи Фрчкоски.

Коментирај