ФРЧКОСКИ И ДОМАШНИТЕ КВИСЛИНЗИ – Д’РЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ!

0
279

Вчера на 1ТВ го исслушавме Љубомир Фрчкоски со експозе за велепредавството на името на државата и идентитетот на нацијата. Демек, се’ било договорено со Грците, останало уште само да најдат начин како сето тоа да им се ‘продаде’ на Македонците. Велепредавството да го проголтат како победа и “среќна вест“.

Се разбира, Фрчкоски не пропушти да даде квалификација и за тие што биле против промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

– Ако погледнете кои се против компромис со Грција, ќе видите дека тоа се четири групи. Едната е на Филозофски факултет, писатели и професори, потоа тоа е партијата Левица, потоа тука е бандата на Јанко Бачев и како последни се една група внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие всушност знаејќи што значи за земјава ако остане надвор од ЕУ и НАТО на подолг рок, а тоа е сигурен распад, тие всушност се борат Македонија да ја нема! Но, мислам дека тие се малцинство во земјава, – изјави професорот д-р Љубомир Фрчкоски.

Секако, без Бејли на Калето во сојуз со Сорос, познато е малцинството. Но, ова е Фрчкоски сега, 2018 година.

Фрчкоски за народот веќе одамна е прочитан, од реибанките и коњите во МВР, до кокаинот во депото на МВР, куферите и амфорите за Глигоров од Грилакис за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, до мемоарите на Стојан Андов за заговорите на Фрчкоски и продорот на грчките тајни служби во Македонија.

Интересно е да се потсетиме што велеше Фрчкоски во 2005 година, при расправата за државното име Македонија: “Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според толкувањата на Фрчкоски на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, “Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчковски смета дека “во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа!“

Е тоа е Фрчкоски 2005-2018 за името од велепредавство до домашен квислинг по сопствено убедување… Штета што такви велепредавници слободно шетаат и го трујат просторот и народот…

Пишува: Тодор Петров

loading...

Коментирај