Фрчат оставки во Холивуд откако Кирк призна дека добивала улоги „во кревет“

0
129

54-годишниот директор на филмското студио „Ворнер Брос“, Кевин Цуџихара, си поднесе оставка од неговата позиција, откако беше иницирана истрагата за неговата врска со 26-годишната актерка Шарлот Кирк.

„Најдобро за компаниите „Ворнер Медиа“ и „Ворнер Брос“, како и за нашите вработени и партнерите е тој да се повлече од функцијата“ – изјави завчера директорот на Ворнер Медија, Џон Станки.

54-годишниот Цуџихара си даде оставка од директорската позиција на едно од најмоќните и највлијателни холивудски филмски студија, окако актерката Киркпризна дека била во интимна врска со него која започнала во 2014 година, кога двајцата една вечер уживале со мартини.

Медиумите информираат дека директорот и актерката си размениле СМС-пораки со кои Цуџихара ѝ ветува улога во филм на актерката. Таа потоа и добила улога во филмот „How to Be Single“, за потоа да учествува и во „Ocean’s 8“, во продукција на „Ворнер брос“.

Кирк изјави дека никогаш додека била во сексуална врска со директорот не барала од него филмска улога. Таа додава и дека жали за неговата оставка, бидејќи врската одамна била завршена.

Извор: taratur.mk

Коментирај