Фраер до крај: Трета брачна среќа за Ричард Гир

0
507

68-годишниот холивудскиот актер Ричард Гир по трет пат ќе заплови во брачните води стапувајќи во брак со шпанската новинарка Алехандра Силва (35). Гир и Силва се во врска веќе три години, а судбоносното „да“ ќе го кажат на 5 мај во Вашингтон.

За Ричард ова ќе биде трет брак, кој четири години беше оженет со супермоделката Синди Крафорд и 14 години во брак со моделот Кери Лоел, со која го има синот Хомер (17) .

За Алехандра Силва ова ќе биде второ кажување на „големото ДА“. Таа Гир го запознала за време на разводот од Говинд Фридленд, синот на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд, со кој го има шестгодишниот син Алберт.

Taratur.mk

Коментирај