(ФОТО) Заев бара потекло на имот за судии и обвинители, а самиот пријавил личен имот само за даден заем од 70.000 евра

0
191

Режисерот Владимир Милчин го повика премиерот во заминување Зоран Заев да почне од себе со проверката на потеклото на имотот, која тој ја побара од Антикорупциска комисија за судиите, и тоа веднаш.

-А да ги повика своите министри, заменици, државни секретари и слично, па своите пратеници? Да почне од себе, на пример?“, порача поранешниот член на Претседателството на СДСМ на Заев и бивш извршен директор на Институтот „Отворено општество – Македонија“.

Тргнувајќи од пораката на режисерот Милчин, Лидер.мк го отвори анкетниот лист на премиерот во заминување Зоран Заев, што го пријавил во Државната комисија за спречување корупција. Увидот во него покажува дека тој како личен имот има пријавено само едно побарување по основ на даден заем во висина од 4.300.000 денари или околу 7о.000 евра. Притоа, не е наведено како се стекнати тие пари, што се дадени на заем.

Сиот останат пријавен имот се води како имот на брачен другар, имот на деца или имот на родители.

Воочливо е, на пример, дека нема наведено уметнички предмети, накит, хартии од вредност, акции, удели, обврзници… што остава простор како за сомнеж во точно пријавениот имот, така и во етичката и морална основа да се бара потекло на имотот на судиите и обвинителите.

anketen-list-768x240

Извор: лидер.мк

Коментирај