ФОТО: Во онлајн наставата за 6. одделение се цензурира строфа од Петре М. Андреевски во која ја опева македонската држава

0
736

Граѓани реагираат на социјалните мрежи дека во онлајн-наставата за 6. одделение се фалсификува делото на еден од најголемите македонски поети Петре М. Андреевски.

Како што реагираат граѓаните, наводно на работен лист за онлајн настава за 6. одделение, исфрлена е последната строфа од песната на Петре М. Андреевски – „Кога ја љубев Дениција“, затоа што во неа се спомнува „Македонската држава“.

Исфрлената строфа гласи: „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата Македонска Држава“

Извор: Фејсбук страна „Само Македонија“

Петре М. Андреевски: Секој народ има свој предавник – Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои

„Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е ако останеме без нашето име“

Коментирај