ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со 4 граѓански здруженија

0
571

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска потпиша меморандум за соработка со четири граѓански здруженија: Сојузот на земјоделци, Здружение за културно обединување на Бошњаците, Коалиција на Египќаните и Здружение за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер со граѓаните, таа соработка трае со години, подвлече Груевски, по потпишувањето на меморандумот.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш била отворена за соработка, отворена за секоја идеја која ќе значи напредок за државата, занови успеси, развој и надминување на предизвиците. Секогаш сме биле партнер со граѓаните. Граѓанинот е во центарот на нашето внимание, нашата меѓусебна соработка со граѓанскиот сектор, со вистинскиот граѓански сектор трае со години наназад, истакна Груевски.

Тој посочи дека државата се наоѓа во предизборен период и нивниот најсилен фокус останува изработка на обемна програма во која секој граѓанин ќе може да се пронајде и да види што ќе работат.

-ВМРО-ДПМНЕ е движечка сила и најголема обединувачка сила која реализира проекти од различен карактер и различна природа. Ние како политичка опција која ја има довербата од граѓаните забележуваме постојан процес на растење што е резултат на нашата стратешка определба да работиме за подобар живот на граѓаните и нашите политики претставуваат одговор за потребите на земјоделците, работниците, младите луѓе, на различните етникуми и заштита на нивните права и посебности. ВМРО-ДПМНЕ ги обединува сите кои сакаат подобра иднина, остварливи проекти и кои со своето постоење и работа сакаат да се вградат во напредокот кој сакаме да го постигнеме во секое поле, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

memorandum-jpg1

Груевски рече дека соработката со овие здруженија ќе се одвива во насока на заедничко разгледување на предлози, идеи и препораки во насока на унапредување и подобрување на квалитетот на живот во секој поглед.

-Велат довербата се гради секојдневно. За нашите заложби во насока на решавање на потребите на граѓаните доволно говорат сите наши проекти, мерки, спроведени реформи кои често се резултат на директни барања од граѓаните или граѓанските здруженија, потенцираше Груевски.

Зеќир Рамчиловиќ од Здружение за културно обединување на Бошњаците истакна анализите на процесите врзани за Бошњаците во различни периоди од независноста до денес, биле основа за почеток на преговорите.

-Заклучивме дека работите одат во правилна насока, но има уште многу што да се направи во иднина за подобрување на состојбите.Важни се и вработувања, па оттука ја поддржуваме политика на привлекување на странски инвестиции. Вклучувањето во политичките токови ќе даде дополнителен импулс во остварување на нашите долгорочни цели. Во период на премрежја лојалноста на државата е и треба да биде највисока вредност на сите граѓани. Отвореноста кон различностите што Коалицијата во која се придружуваме ја пружа е за големо поздравување, истакна Рамчиловиќ.

Many studies get-thesis.com certify that a writing skill is directly related to learning and memory.

Коментирај