ФОТО+ВИДЕО: Груевски на средба со коалиционите партнери – Осуда за насилството, нелегалниот избор на Џафери и провокациите од СДСМ

0
1703

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес во партиското седиште оствари средба со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата За Подобра Македонија.

Gruevski-sredba-koalicija-2

-На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните. Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.

Gruevski-sredba-koalicija-3

Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите.

Коментирај