(Фото) Вардар ја најде замената за голманот Милосављев во Франција!

0
268

Спортските медиуми веќе шпекулираат дека Вардар брзо најде решение на голот откако Дејан Милосављев заминува од клубот во Германија каде отпиша со Фуске Берлин 5 годишен договор.

Станува збор за швајцарскиот репрезентативец Никола Портнер, 25-годишен голман на Монпелје.

portner

Вардар е сериозно заинтересиран за неговите услуги и притиска да го донесе во своите редови од францускиот ракометен тим.

Во Монпелје е од 2016 година, а во 2018 година ја освои европската титула во Лигата на шампионите со овој клуб. Претходно настапувал за два швајцарски тима, Кадетен Шафхаузен и Берн Мури.

Потекнува од спортско семејство, син е на поранешниот југословенски играч Златко Портнер.

Коментирај