ФОТО: Вака изгледа Халкидики од воздух после вчерашниот ураган

0
601

Објавени се нови фотографии кои го покажуваат размерот на штетата која ја предизвика страшното невреме на Халкидики.

Невремето одзеде седум животи и предизивка повреди кај повеќе од сто лица.

Сведоците рекле дека се работи за невреме со незапамтена јачина на ветер со грмотевици. Невремето предизвикало и голема штета, рушело стебла и бандери, поради што поголем дел од полуостровот немал струја, а некои места останале и без вода.

На фотографиите од Созопол можат да се видат уништени плажи, срушени палми, столови, лежалки, расфрлени контејнери и расфрлено ѓубре.

Во Неа Потидеа невремето срушило дел од пумпа.

Ширум Халкидики распоредени се спасувачки екипи и во тек е расчистување на плажите и улиците.

Коментирај