ФОТО: Транспарентната Влада на Заев брише негативни коментари на социјалните мрежи

0
674

Транспарентноста како јака страна постојано е промовирана од страна на премиерот Зоран Заев и неговата Влада. Тој не пропушта прес-конференција, а да не каже дека тој е транспарентен, отворен и достапен.

Сепак и ова ветување се покажа како неостварено откако на денешната прес конференција која одеше во живо на Јутуб каналот на Владата на Република Македонија имаше лавина на нeгaтивни коментари за Зоран Заев и неговата Влада. Имено владиниот ПР неуморно ги бришеше нeгaтивните коментари кои граѓаните ги постираа додека Зоран Заев говореше.

Се бараше оставка на премиерот, предвремени парламентарни избори, а голем број на граѓаните не штедеа и навреди упатени кон Заев. Погледнете:

Zaev-Jutjub-komentari-1

Коментирај