(ФОТО) Српските демонстранти со моторни пили се шетале низ РТС

0
91

Се надевам дека ова ќе биде последен упад во РТС, вели генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ, по повод упадот во зградата телевизијата синоќа.

Тој вели дека вработените не можеле да ја завршат својата работа и дека ги спречиле сите оние луѓе кои минувале низ ходниците на објектот со моторни пили во рацете.

Бујошевиќ им се извини на вработените во РТС кои беа во зградата при упадот.

– Ветувам дека ние нема да упаѓаме во простории на партијата или деловните простории на лидерот на опозицијата.

Кога била најавена блокадата на РТС, демонстрантите биле предупредени дека нивните протести ќе го изгубат на легитимноста и вечерва тој легитимитет бил изгубен преку насилно упаѓање во зградата.

Бујошевиќ додаде дека државните органи, како и Европската асоцијација за јавни медиумски услуги и меѓународни здруженија на новинари, треба сериозно да разговараат за упадот во РТС.

Опозицијата демантираше дека влегувале со моторни пили, но на Твитер се појави и снимка од маскирано лице во рацете има моторна пила.

Демонстрантите сакаа да се обратат на телевизија, но на крај полицијата ги изнесе надвор. Тие бараа ослободување на медиумот од партиски влијанија.

Анти-владините протести „1 од 5 милиони” се одржуваат во Белград секоја сабота од 8 декември 2018 година, а во меѓувреме се шират во неколку градови во Србија.

Извор: lider.mk

Коментирај