(ФОТО) Сонцето од Вергина го истругаа од шахтите на плоштадот Филип Втори во Скопје

0
451

Утрово во Скопје, на плоштадот Филип Втори, на високи температури, работници се мачеа да го истругаат сонцето од Вергина од шахтите поставени на плочникот.

До нашата редакција пристигнаа фотографии на кои се гледа како со машини, работници облечени во работничка униформа го отстрануваат исцртаното знаме на шахтите.

Screenshot_20190814_113736

Screenshot_20190814_113545-768x959

Инаку, четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина.

Согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од споменици, јавни згради, инфраструктура.

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, член 8 од Договорот за надинување на спорот за името.

Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови.

Највпечатливо сонце од Вергина беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстрането.

Договореното со Преспанскиот договор меѓу Заев и Ципрас веќе почнува да се реализира.

Извор:digitalnews.mk

Коментирај