(Фото) Соиграчот на Јокиќ од Денвер со една објава направи хаос во НБА лигата и на првиот човек!

0
133

Младиот кошаркар на Денвер, Мајкл Портер Јуниор направи невнимателен потег кога го објави бројот на првиот човек на НБА-лигата на Снапчет, Адам Силвер.

Имено, Адам Силвер одржуваше предавање на младите кошаркари во НБА, кога неговите лични податоци, е-адреса, канцелариски телефон и мобилниот број се појавија на видео-бимот зад него.

Портер го фотографираше тој момент и потоа ја објави фотографијата на Снапчет со коментар „дали е конечно време за ручек?“

Наскоро го сфати хаосот што го направи со овој несовесен потег.

Тој се обиде да го избрише, но веќе беше доцна, многумина веќе го копираа и можете да замислите што се случи потоа на социјалните мрежи …

Коментирај