ПАЗИ ЦВЕЌЕ: Штипјани со иновативна идеја се погрижија за дупките на улиците

0
651

Улиците низ Штип се полни со дупки што е потенцијална опасност за безбедноста на граѓаните.

Бидејќи локалната власт не превзема ништо по ова прашање, штипјани ја смислија најуникатната идеја. Нивната цел е преку овој чекор да ја кренат свеста.

Граѓани на Штип огромните дупки на улиците, ги искористија да засадат цвеќиња.

-ПАЗИ ЦВЕЌЕ! Ново предупредување за возачите во Штип. Поради тоа што локалната власт не се грижи за состојбата на улиците, граѓаните решија сами да се погрижат засадувајќи цвеќиња во дупките-кратери на градските улици, пишуваат тие.

-Градоначалникот ветуваше асфалт од 10 cm но сега добиваме 0 cm. Негрижата за состојбите во градот од ден на ден се повеќе растат а локалните власти на чело со градоначалникот ова ниту го гледаат ниту го слушаат, наведуваат штипјани во ФБ групата Штипски актуелности.

Коментирај