ФОТО: СЕХА го казни Вардар!

0
528

Дисциплинската комисија на СЕХА лигата, односно Комесарот за натпревари Марјан Начевски, го казни шампионот на ова натпреварување Вардар.

Македонскиот тим ќе треба да плати 200 евра, поради тоа што на средбата од првото коло против Пекинг во Скопје што се играше на 3 септември, средниот бек на вардарци Мартин Карапалевски, носел дрес без име.

Иако натпреварите од првото коло завршија одамна, СЕХА го објави билтенот дури во текот на вчерашниот ден.

Коментирај