ФОТО: Се роди Давид – Даниел Кајмакоски стана татко

0
1124

Даниел Кајмакоски стана татко. Македoнскиот пејач веднаш ја сподели среќната вест со своите обожаватели и на „Фејсбук“ го покажа синчето Давид.

– Oтсекогаш сакав  да бидам млад татко! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денеска ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски! Радоста не може да се опише со збор – напиша Кајмакоски.

Триесет и тригодишниот пејач и неговата избраничка Кристина Димитриевска (20) се заедно повеќе од една година. Поради приновата тие ги забрзале и плановите за одење пред матичар за да ја официјализираат својата врска.

Коментирај