ФОТО: СДСМ во паника пред денот на гласање – со негативна кампања против Силјановска

0
114

Како се приближува денот на избори, така се засилува и негативната кампања. Анктите покажуваат дека двајцата противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски се многу близу еден до друг, а последните бројќи даваат предност на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата ситуација создава нервоза во штабовите, а тоа особено е впечатливо во штабот на СДСМ.

Тие на финишот на првиот дел кампањата, пред првиот круг закажан за недела, 21 април, почнаа интензивно да го користат во кампања експремиерот Никола Груевски, надевајќи се дека на тој начин ќе влијаат на електоратот и ќе и земат или намалат некој глас на противкандидатката. Иако Груевски подолго време не е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој доби азил во Унгарија и не е активен учесник во кампањата за Силјановски, СДСМ реши да го користи неговото име надевајќи се дека нивната „груевизам“ акција ќе им помогне да ја соборат Силјановска Давкова.

„Гласот за Гордана е глас за режимот и неправдите на Груевски“ – гласи билбордот кој осамна низ улиците на Македонија, а за кој се тврди дека е поставен од СДСМ. Еден од нив се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзална сала.  Ваквите билборди доаѓаат само неколку дена откако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски ја нападна Силјановска Давкова за видео-спот кој бил навредлив за него. Силјановска Давкова посочи дека таа не била информирана за спотот пред истиот да биде објавен, по што побарала итно да биде избришан од секаде и никогаш повеќе да не се користи. Самиот Пендаровски вети дека ќе го избрака било кој член од неговиот штаб кој ќе објави навредлива и несоодветна содржина за противкандидатката Силјановска. Иако беше посочен пример за такво нешто, тоа не се случи.

Извор: Република.мк

Коментирај