(Фото) Роналдо тагува, интернетот лудува – Како беше ,,тролан,, Кристијано овојпат?

0
249

Фановите на Јувентус нема ништо да му замерат на Кристијано Роналдо и по елиминацијата од Ајакс во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Во првата сезона во новиот клуб, 34 годишниот Роналдо постигна 26 гола, а уште на 12 асистираше при постигнувањето.

Во шампионатот даде 19 гола и 10 асистенции, а Јувентус е на прагот на осмата последователна титула во Серија А.

Лигата на шампионите и оваа сезона е неговото омилено ловиште. Најдобриот стрелец во историјата на ЛШ се загреваше во групата, но во фазата на елиминација не е само што експлодира туку и Јувентус да не беше тој ќе доживееше елиминацијата уште во првата нокаут-рунда.

Во првиот меч од осмина-финалето Јувентус загуби од Атлетико со 2-0, а во реваншот Роналдо со хет-трик го однесе сам Јувентус во четврт-финалето.

Јувентус против Ајакс одигра тежок меч уште во првиот натпревар. Роналдо ги спаси гостите во Амстердам за активни 1:1 против значително подобриот Ајакс. Во реваншот го постигна првиот гол за водство од 1:0, но младиот Ајакс направи пресврт и поведе со 2-1, а Јувентус и добро пројде од разиграниот тим од Амстердам.

Поразот и елиминацијата многу лошо му паднаа на Роналдо, а за тоа говорат многуте фотографии од натпреварот. Тој беше уште повеќе уништен кога сфати дека остана без можност со третиот клуб да ја освои својата шеста титула во Лигата на шампионите.

Се разбира, Роналдо или се сака или се мрази, а играч кој “никој не остава рамнодушен” на неуспеси и тажни лица, секогаш ги инспирира другите.

И овој пат се случи тоа, Роналдо беше ,,тролан,, по елиминацијата од ЛШ…

ronaldo2 ronaldo3 ronaldo ronaldo4 ronaldo5 ronaldo6

Коментирај