ФОТО: Рамиз Мерко забрани јадење, пиење и пушење во канцеларии за Рамазански пости

0
497

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко со документ по повод Рамазанските пости им забрани на вработените во општината да носат храна, пијалоци, но и пушење цигари во канцелариите.

Оттука се поставува прашањето дали претходно не се почитувал законот за забрана за пушење во затворени простории во кој се вклучени и канцелариите, па градоначалникот во својата наредба морал да потенцира и дека не смее да се пуши.

Инаку во март годинава со 41 глас „за“, Собранието го усвои Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка. Со измените е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории. Остана целосно во сила забраната за пушење во сите затворени објекти. Ниту едно право што го имаат непушачите нетреба да биде загрозено.

Ramiz-Merko-naredba

 

Коментирај