(Фото) ПСЖ купува од Вардар, па и Вардар купува од ПСЖ – По Криштопанс, доаѓа уште еден џин!

0
351

РК Вардар подготвува терен за првиот Французин кој играл во европскиот шампион.

Многу имиња беа во игра за позицијата кружен напаѓач, но се чини дека во моментов до европскиот шампион најблиску е пивотмен од ПСЖ.

Станува збор за пивотмен во името на Робин Дурт, кој требаше да биде дел од шпанскиот тим Ваљадолид.

dourte1

Има само 20 години, но е висок 206 сантиметри, а веќе три сезони беше дел од тимот на ПСЖ во Лигата на шампионите.

Тој и да немаше минутажа покрај Тофт Хансен и Карабатиќ, па првиот и единствен погодок во елитното натпреварување го постигна против ПИК Сегед оваа сезона. Во француската лига даде 8 голови на 17 натпревари.

Со кадетската репрезентација на Франција стана светски првак во 2017 година во Грузија, а се уште ја чека шансата кај сениорите. Дурт би требало да биде замената за Рожерио Мораес кој ја продолжува кариерата во Веспрем.

dourte

Доколку успее да го обезбеди потписот на високиот Французин, на Вардар ќе му недостасува уште еден кружен напаѓач, но може и нема да му треба со оглед на тоа што и покрај најавите дека заминува од Вардар, русинот Глеб Калараш најверојатно ќе остане во Скопје и ќе потпише нов договор со Вардар.

Коментирај