ФОТО: При пречекот на Папата, Заев само со една нога газеше на црвениот тепих, а при испраќањето за него воопшто немаше место

0
3062

Папата Франциск ја заврши еднодневната историска посета на Македонија и вечерва со специјален лет замина од скопскиот аеродром. На аеродормот папата го испратија претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, но како ни за пречекот, за премиерот немаше место на црвениот тепих кој не беше доволно широк за на него да може да чекорат твојцата.

Црвениот тепих за денешниот пречек, но и за испраќањето на папата Франциск на скопскиот аеродром не беше доволно широк за по него да може гази и премиерот Зоран Заев.

Како што може да се забележи на фотографијата од пречекот, премиерот Заев со едната нога е на тепихот, а со другата на бетонот.

Zaev-Papa-Precek

Од снимките од испраќањето на Папата може да се забележи дека за Заев воопшто нема место на тепихот и тој со двете нозе чекореше на голиот бетон.

Za-Zaev-nema-crven-tepih

Инаку, кога станува збор за црвениот тепих, познато е дека премиерот Заев го практикува дури и при закројување на лозја, како што беше случај ланската година на Свети Трифун во Тиквешко.

Zaev-lozje-crven-tepih

Исто така при пречекот на папата Франциска на Скопскиот аеродром, во моментот кога премиерот Заев тргна да му ја бакне раката, папата го оттргна и не му дозволи. Истото може да го видите на следниот линк:

(ВИДЕО) Папата не му дозволи на Заев да му ја бакне раката

Коментирај