ФОТО: Познатата манекенка стана мајка, ја објави првата фотографија од ќерката

0
660

Манекенката и актерка Кејт Аптон и бејзбол играчот Џастин Варлендер станаа родители, а нивната наследничка се вика Женевив Аптон Варлендер.

Кејт се породи на 7 ми овој месец, но дури денес на социјалните мрежи објави фотографија од ќерката.

Манекенката одлучи на обожавателите да им ја соопшти среќната вест, па со нив сподели емотивна фотографија.

И Џастин со гордост објави фотографија од ќерката со коментар „Добродојде на светот Женевив Аптон Варландер. Го украде моето срце штом те погледнав.“

Коментирај