(ФОТО) Потерница за новинарот Ацо Кабранов: Судот го бара преку Службен весник

0
764

Основниот суд Скопје 2, преку Службен весник го бара главниот и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов.

Во судскиот оглас објавен во вчерашниот Службен весник, стои дека Скопски пазар АД Скопје, поднесе тужба против Здружението на граѓани Про Либерти и против новинарот Ацо Кабранов за утврдување граѓанска одговорност за клевета и надомест на штета со вредност на спорот 10.100 денари.

Како што се наведува во огласот адресата на Кабранов е засега непозната. Поради тоа Кабранов треба да се јави во Судот лично или преку полномошник во рок од 30 дена.

 

Извор:Лидер.мк

Коментирај