ФОТО: По барање на Коце Трајановски кинескиот град Нанчанг ни испрати 50.000 заштитни маски

0
179

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски јавно се заблагодари на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на неговото барање и за донацијата од 50.000 заштитни маски.

Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот, порача Трајановски.

Коментирај