ФОТО: Падна договор – На „Енфилд“ пристигнува Бразилец од 50 милиони евра!

0
228

Еден од најдобрите фудбалери на Монако се сели во Ливерпул за сума од 50 милиони евра, објавија од Ливерпул.

Фабињо вчера беше претставен на официјалниот твитер профил на Ливерпул како ново летно засилување.

Според информациите конечниот договор е постигнат вчера, а Монако ќе добие оштета од 50 милиони евра со бонуси. Со овој трансфер веројатно пропадна можноста да се ангажира Набил Фекир од Лион, Клоп изгледа се одлучил за играчот кој е нешто по дефанзивен.

Да потсетиме, Фабињо минатото лето беше баран од страна на Пари Сен Жермен, но тогаш Монако бараше 90 милиони евра, сума која што клубот од Париз не сакаше да ја плати.

Коментирај