(Фото) Ова го нема ниту во шпанска серија – Тренерот на Клиперси го донесе човекот кој ја остави пред олтар неговата ќерка поради стриптизета!

0
195

Познатиот нба тренер, Док Риверс ќе соработува во Клиперс со несудениот зет – Пол Џорџ.

Во 2014 година, Џорџ беше во сериозна врска со ќерката на Риверс, Кејли.

НБА ѕвездата тогаш настапуваше за Индијана Пејсерс, а во тој период се запозна и со србинката Данијела Рајиќ која работеше како стриптизета во ноќен клуб во Мајами.

Џорџ ја изневерил Кејли со србинката, која во 2014 година остана бремена.

pol-dzordz

Наводно, познатиот кошаркар и понудил милион долари на Рајиќ за да абортира.

Таа одбила, а ДНК-тестот утврдил дека детето е негово. Поради неговата прељуба, неговиот однос со Кејли Риверс заврши.

dzordz

Данијела ја роди ќерката Оливија, а Џорџ избегнуваше да го признае татковството, па правдата Рајиќ ја побара на суд.

По некое време ја обновија романсата и во ноември 2017 година добија уште една ќерка – Наташа.


View this post on Instagram

ROSE ALL DAY “I DO” one piece from @nudeswimco ✨

A post shared by Daniela Rajic (@danielarajic) on

Кејли Риверс по турбулентното раскинување со Џорџ, заплови во романса со братот на Стеф Кари, кошаркарот на Портланд – Сет Кари.


View this post on Instagram

two. if you had a twin i would still choose you…

A post shared by callie rivers (@callierivers) on

Пол Џорџ потпиша договор со Лос Анџелес Клиперс пред неколку дена, а од клупата ќе ги води Док Риверс.

Ќе биде интересно да се види како тато Док ќе работи со човекот кој и го скрши срцето на неговата ќерка.

Коментирај