(Фото) Ова е листата на ФИФА од 10 фудбалери за наградата Играч на годината!

0
240

ФИФА ја објави листата со 10 имиња кои ќе конкурираат за признанието Играч на годината на фудбалските награди „Д Бест”.

Оваа година нема некој фудбалер кој посебно се истакнува иако имаше неколку кои имаа фантастични сезони.

Интересно е што го нема актуелно најдобриот фудбалер на светот, Лука Модриќ, како и најскапиот на сите времиња, Нејмар бидејќи и двајцата имаа лоши сезони.

Оваа година има доста нови имиња како Де Лихт, Де Јонг, Ван Дајк и Хари Кејн, кои имаа одлични сезони и ќе се борат за наградата „Д Бест“.

Кандидати за наградата се уште: Меси, Роналдо, Азар, Салах, Мане и Мбапе.

Во изборот ќе учествуваат фановите со гласање на анкетата на веб страната на ФИФА, како и новинарите, селекторите на националните тимови и капитените.

Најпрво ќе бидат избрани тројца финалисти, а победникот ќе биде откриен на гала церемонија која ќе се одржи во Милано на 23 септември.

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај