ФОТО: Нов тренер, нови правила – Ракометарите на Вардар тренираа на фудбалско игралиште

0
307

Денес тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Новиот тренер на Европскиот Шампион, Давид Писонеро најпрво во спортскиот центар Јане Сандански на половина час ги собра играчите, за претставување со медиумите, по што екипата се упати на фудбалскиот терен во населбата Јане Сандански, каде одржа мал кондициски тренинг под водство на Даниел Јуришиќ.

На првиот собир беа присутни сите нови засилување, додека недостасуваше само Мартин Поповски, а шанса да тренира со првиот тим ќе добие и младиот Дејан Кукуловски од Вардар Јуниор.

Порталот „Вардар Фанс“ бил присутен на првиот тренинг на Вардар, од кој во продолжение Ви донесуваме фотографии.

Извор: ВардарФанс.мк

Коментирај