ФОТО: Модерните комити од „Некст Тајм“ се сретнаа со претседателот Ѓорге Иванов

0
554

Браќата Мартин и Стефан Филиповски од фуото „Некст Тајм“ на својот Фејсбук профил објавија фотографија од нивната денешна средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми.

Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, стои во Фејсбук објавата на Некст Тајм.

Коментирај